Над 70 милиолни денари за Куманово, Липково и Старо Нагоричане

/

Националниот совет на Владата одобри над 70 милиони денари за регионален развој на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион. Центарот аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој за повеќе проекти, кои се одобрени и се очекува да се реализираат до крајот на годинава.

За Куманово се одвоени околу 30 милиони денари.

– За Куманово одобрен е проектот „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ во кој влегуваат повеќе активности, меѓу нив изградба на смарт парк во градскиот парк, реконструкција на трибините во спортската сала, набавка на полуподземни контејнери за „Чистота и Зеленило“, набавка на возила за смет, алат и други материјали за ова претпријатие и изградба на термо енергетска фасада на училишниот објект на „Браќа Миладиновци“ во близина на Соколаната, изјави Владимир Павловски од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Липково доби 17 милиони денари за изградба на локален пат во село Отља во должина од 1.981 метар и изградба на пат во село Виштица во должина од 410 метри.

За општина Старо Нагоричане се одобрени проекти во вредност од седум милиони денари и се однесуваат на изградба на патот Попчевци-Богдановци во должина од 945 метри и реконструкција на зградата на општината.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Арсовска: Имам неколку тужби против СДСМ (ВИДЕО)

Следна статија

Врховниот суд ја блокира одлуката на Бајден за задолжителна вакцинација во компаниите

Најново од Вести