НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ СУДИЈА ПОВТОРНО ЌЕ „СВИРИ“ ВО ЛИГА ЕВРОПА

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев повторно ќе дели правда во Лига Европа, откако е делегиран за да биде главен арбитар во пресметката во Будимпешта во четвртото коло помеѓу Ференцварош и московска ЦСКА.

Дуелот на Ференцварот ш и московските „армејци“ е на програмата в четврток од 21 часот, а стандардно на Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија на мечот е Димитар Мечкаровски.

Ова е втор меч во групната фаза за Ставрев во оваа сезона, откако претходно го судеше мечот во првото коло во Киев помеѓу Динамо и Малме.

Извор: Спорт1

Слични Објави