НАЈДОБРИОТ ШАХИСТ Е МАХЕР И ЗА ФУДБАЛ – БЛИСКУ Е ДО ПРВО МЕСТО ВО ФАНТАЗИ ПРЕМИЕРЛИГА!

Светскиот шампион во шах, Магнус Карлсен освен што е махер во најумствениот спорт, очигледно добро го разбира фудбалот, па близу е до врвот во екстра популарната онлајн игра – фантази Премиерлига.

Карлсен во шахот доминира скоро една деценија, а моментно е шестопласиран во фантази лигата во најатрактивното фудбалско првенство во светот, кое го играат милиони љубители на англискиот фудбал. Фантази-лигата е атрактивна, зашто на секој „менаџер“ за одредена сума на пари му дава можност да состави тим со четири замени и да се натпреварува виртуелно, покажувајќи ги вештините во изборот на фудбалери, кои според настапите (голови, асистенции, картони…) носат бодови

Карлсен игра со тимот под име Кјел Анкедал, а во последното коло скокна до актуелната позиција со 1.077 поени досега благодарение на „капитенот“ Мохамед Салах (Ливерпул), но и на Сон (Тотнем) и Џејми Варди (Лестер).

Извор: Спорт1