Најдобро облечените ѕвезди на Греми 2018-та

/

Вчеравечер се одржаа најголемите музички награди во годината по 60-ти пат.  Настанот беше обележан со бели рози и многу емотивни настапи на светските имиња во музичката индустрија. Се разбира, сето тоа беше во комбинација со знакот на високата мода и исклучителните женски облеки.

1. Лејди Гага
Верна на својот необичен и ексцентричен стил, ѕвездата стана вистинска црна принцеза на црвениот тепих. Лејди Гага избра фустан на Armani Prive со тантела и долг превез.

2. Камила Кабело
Пејачката избра фустан во тон на црвениот тепих и се претвори во современо олицетворение на Црвенкапа. Фустанот, кој додава чувство на ретро дух, го направи Vivienne Westwood.

3. Криси Тајген
Криси Тајген беше сребрена кралица со трудничко стомаче, додека го придружуваше својот сопруг Џон Леџенд на Греми наградите во Њујорк. 32-годишниот модел за ова гламурозно појавување одбра сребрен металик фустан со ефект на диско топка, кој го искомбинира со суптилен накит и едноставни сребрени сандали. Овој фустан е дело на Yanina Couture.



4. Кејти Холмс
Поранешната сопруга на Том Круз ги импресионираше добитниците на Греми наградата со својот класичен, но многу елегантен изглед. Таа носеше фустан на Zac Posen. Заедно со фустанот, Кејти Холмс избра кратка фризура за да ги потенцира деколтето и рамената.

5. Мајли Сајрус
Од старата ѕвезда очигледно нема ништо, бидејќи Мајли Сајрус беше очекувана да се појави во некој смел фустан или барем нешто со социјална порака. Наместо тоа, пејачката го демонстрира фактот дека таа е веќе примерна жена со нејзиното класично палто направено од Jean Paul Gaultier.

 

Претходна статија

Совршени ќофтиња од компири

Следна статија

Прекрасна куќа на дрво (ГАЛЕРИЈА)

Најново од Магазин