НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ ЗА СОНИШТАТА

Забава Магазин

Четвртина од нашиот животен век го поминуваме во спиење. Во просек сонуваме само шест години. За една година, нашите соништа се околу 1450 – по четири на ноќ, а го помниме само последниот, кој продолжува во просек од 0,5 до 1,5 часа. Се сеќаваме на сонот само во првите дваесет минути по будењето. Ако мислите дека не сонувате, грешите. Соништата се толку интересен феномен, што за нив може да се зборува бескрајно …

Египетските фараони се сметале себеси за директни потомци на богот на Сонцето – Ра, и сите нивни соништа се доживувани, како пророчки и божествени. Во Кинеската провинција Фу-Кеин луѓето “комуницираат” со своите предци и “добиваат совети од нив “, преку спиење на нивните гробови. Во Новиот Завет се опишани шест пророчки соништа, во кои се содржат откровенија, инструкции и предупредувања – главно на Јосиф, мажот на Марија, мајката на Исус.

Платон верува дека соништата се “сместени” во стомакот, поточно во црниот дроб. Западноафриканското племе ашанти (или асани ) се однесува кон соништата толку сериозно што законски му овозможува на еден маж да убие друг маж, ако на вториот му се сонил еротски сон со жената на првиот маж. Меѓутоа, како тие разбираат, кој што сонувал, останува непознато. При ирокезите еднаш годишно има вистински “симпозиум” во размена на сништа, за време на кој сите во детали го опишуваат она што го сонувале, и колективно решаваат ќе влијае ли тоа или не на судбината на племето. И ако е така, како. Во хавајската митологија пророчките соништа се нарекуваат moe’uhane, или спиење на душата “, бидејќи тие веруваат дека душата во текот на ноќта го напушта телото преку солзите. Хиндусите веруваат дека нашиот свет всушност е сон, а реалноста е на друго место.

Во “Ведите” – најдобро зачуваниот антички хиндуистички пишан документ, стар повеќе од 4000 години, се зборува за бескрајните реинкарнации во овој свет и за соништата. Племето Рарамури од северно Мексико толку добро управува со соништата, што човек може да се разбуди по сопствена желба среде ноќ за да разговара за она што го сонувал со своите најблиски луѓе од племето.