|

Најмалку 26 нигериски војници загинаа, а осум се ранети во заседа на криминални групи

Најмалку 26 припадници на нигериските безбедносни сили се убиени, а осум се повредени во заседа од вооружени лица во централна Нигерија,  пренесоа француските медиуми.

Во централна Нигерија армијата се бори против криминалните групи.

Нападот се случил завчеравечер, а хеликоптерот за евакуација на ранетите се урнал утринава во областа каде што била поставена заседата, додаде портпаролот на воздухопловните сили во соопштението за печатот.

Тој не прецизираше дали екипажот и патниците го преживеале падот на хеликоптерот.

Текстот Најмалку 26 нигериски војници загинаа, а осум се ранети во заседа на криминални групи е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави