|

Најмалку две лица загинаа, 50 се затрупани во несреќа на рудник во Кина

Најмалку две лица загинаа денеска, а повеќе од 50 останаа заробени во големите одрони во рудник за јаглен во автономниот регион Внатрешна Монголија во северна Кина, објавија државните медиуми.

Кинескиот претседател нареди спасувачка операција, а премиерот Ли Кечијанг побара брза истрага за причините за несреќата.

Несреќата се случила во отворен рудник во сопственост на компанијата за ископ на јаглен во Ксинџијанг, пренесува „Ројтерс“.

Внатрешна Монголија е еден од најголемите производители на јаглен во Кина.



Слични Објави