Намалете го шеќерот во крвта со помош на билки и зачини

/

Зачините и билките имаат долга историја на нивната употреба како храна и лек за различни здравствени проблеми. Истражувањето спроведено од научници од Универзитетот во Џорџија, покажува дека многу билки и зачини, богати со природен фенол антиоксидант , можат да не заштитат од воспаленијата и штетите кои високиот крвен шеќер ги предизвикува.
Некои од најкорисните билки и зачини кои можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта се:

• Цимет:
Установено е дека во циметот има 18% фенол. За дијабетичарите со тип 2 дијабетес или луѓето со инсулинска резистенција, добрата вест е дека можат да постигнат подобрување на инсулинската чувствителност и контрола над гликозата во крвта само со 1 лажиче цимет на ден. Подобрената издржливост кон инсулинот помага во контролата на телесната тежина и го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања.

• Каранфил:
Содржи 30% фенол во својата сува тежина, како и други моќни антиоксиданси. Каранфилот има антисептични како и антиинфламаторни, аналгетски и дигестивни својства. Маслото од каранфил може да се користи против забоболка, главоболка, кашлање, па дури и стомачна вознемиреност.

Оригано:
Овој зачин е особено популарен во медитеранската кујна, бидејќи додава длабочина и арома на јадењето и се комбинира добро со домати, модар патлиџан и месо. Се смета дека лекува бактериски и паразитски инфекции. Едно неодамнешно истражување покажа дека ориганото помага во намалувањето на шеќерот во крвта. Билкарите дури и го препорачуваат ориганото како лек против Escherichia coli.



• Жалфија:
Оваа билка содржи фитостероли и е доста позната по нејзиниот ефект на лечење. Поддржувачите на алтернативната медицина ја користат жалфијата против крварење на матката и грчеви. Германско истражување откри дека дијабетичарите кои пијат напивка од жалфија имаат намалување на нивото на шеќерот во крвта.

• Лук:
содржи сулфурни соединенија кои ги шират крвните садови. Овој ефект го намалува шеќерот во крвта. Истите соединенија помагаат во навлегувањето на железото и го штитат телото од слободните радикали и високиот холестерол.

Претходна статија

Една вечер

Следна статија

Макарони со мелено месо

Најново од Магазин