| |

Наследникот на Шојбле ја менува суровата економска политика на Германија

Олаф Шолц, кој во моментот е градоначалник на Хамбург и се очекува да го наследи Волфганг Шојбле како министер за финансии смета дека Германија не би требало да им ја диктира економската политика на партнерите во еврозоната.

„Не сакаме да им диктираме на другите европски земји како би требало да се развиваат (економски)“, изјави социјалдемократот Шолц.

Ројтерс оценува дека коментарот на Шолц е „најасниот знак досега дека Германија планира да ги ублажи своите инсистирања на строгата фискална дисциплина“ во ЕУ.

 



Слични Објави