| |

Наумовски: СДСМ е целосно делигитимиран

Владата на СДСМ е целосно делигитимирана. Изборните резултати се последица на бројните корупциски скандали на владата на Заев, лошото справување со пандемијата и неможноста да се започнат преговорите со ЕУ. Тука се и лошите резултати на градоначалниците на СДСМ, нивната ароганција и одделеноста од граѓаните.
Ова за бугарската информативна агенција БГНЕС го изјави поранешниот вицепремиер за европски прашања на РС Македонија д-р Васко Наумовски.

„Изборните резултати се последица на бројните корупциски скандали на владата на Заев, лошата политика за справување со пандемијата, погрешните чекори во образовните политики, политичкиот прогон, и секако неможноста да започнат преговорите со ЕУ. Тука се и лошите резултати на досегашните градоначалници од СДСМ, нивната ароганција и одделеноста од граѓаните.

И двете најголеми партии имаат пад во бројот на гласови од изборите во 2020 год., но СДСМ изгуби многу повеќе, а настапуваше и без некои од коалиционите партнери. Многу граѓани поддржаа независни кандидати, и имаше голем број на неважечки ливчиња.

Опозицијата се обедини во вториот круг, а добо и поддршка од партиите на Албанците, со што победата е апсолутна, и во број на освоени општини, и во број на гласови. СДСМ го изгуби и Скопје, што секогаш е предвесник на победата на парламентарните избори.

После само една година владата на СДСМ е целосно делегитимирана, но постои опција сегашното владино мнозинство да опстои, со нов премиер. Исто така, можно е формирање на една преодна влада, која ќе организира нови парламентарни избори“, вели за БГНЕС д-р Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања на РС Македонија.



Слични Објави