Неделна временска прогноза: во понеделник мало разладување, а потоа нов топлотен бран
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.
Времето денес (19.07.2023 год.): Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен. UV=10
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. T= 39 °C, P= 977 hPa, U= 27 %, V= 2 m/s.