Нешков за БНР: Важното е тоа што вистината станува јавна во РС Македонија

//

Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија постигна договор за цар Самуил, Св. Кирил и Методиј и други личности.

„Најважно е што вистината сепак станува јавна во РСМ. Ова се случи во 2019 година. Тогаш беше постигнат договор за општа прослава, уредување на учебници и воопшто на информацииte за настаните од средниот век. Ова е првото, а второто е – зошто откако ќе се постигне ова нешто како договор, излегува во јавност. Еве ги одговорите на ова – зошто во еден момент дојде до блокирање на почетокот на преговорите на РСМ за членство во ЕУ и тие што не ја разбраа бугарската позиција сега треба да им стане јасно“.

Ова го вели новинарот Љубчо Нешков во интервју за БНР.

„Ништо не се случи, немаше ниту средби ниту ништо, откако Бугарија даде зелено светло на крајот на јуни. Веста за тоа што се случи вчера е дека договорот постигнат пред три години излезе во јавност. Останува да стане факт, освен во медиумите, да стане дел од учебниците и да влезне во јавното говорење во земјава. Ова е многу поважно од прес-конференција и изјава на копретседателот на оваа комисија“, истакна тој и додаде:

„Владата мора да ги прифати препораките и потоа да бара нивно спроведување, како и да контролира дали се спроведува оваа работа. Ова е технологијата и начинот на кој функционира комисијата. Ова се работите предвидени во договорот од 2017. Се надевам дека нема да биде потребно да го чекаме летото на 2025 година да објавиме дека првите учебници со новите работи се веќе факт во земјава. Овие работи се потребни на македонското општество, а не на Бугарија“.

„Отсекогаш сум потенцирал дека во соседна Македонија станува збор за некаква масовна хистерија, за институционална омраза и фалсификатите кон нас и за институционалната конфронтација. Се додека не се смени ова, тешко ќе имаме нормални односи и тешко ќе тргне земјата по патот на евроинтеграциите“, вели тој во интервју за „12+3“.



Тој ја коментира дефиницијата дека „Цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која мнозинството од современата историска наука ја смета за бугарско царство“, вака:

„Сигурно другиот дел се однесува на научниците од Скопје и Белград, а сите други мислат како што мислиме ние и целиот научен свет. Ова е класичен пример за тоа што се случува во државата – стравот да се каже вистината. Овие луѓе цели децении си го заработуваа лебот, парите и титулите тврдејќи дека ова е македонско царство, дека цар Самуил е Македонец, а сега истите тие што ги фалсификуваа документите мора во одреден момент да кажат дека работите не се така. ‘

Препораки за бугарски учебници – што се бара од нас?

„Не можев точно да разберам, се зборуваше за реципроцитет во односите, сеедно и Бугарија е кандидат за ЕУ. Но, ова е резултат на атмосферата создадена во РСМ, дека државата е жртва“, посочува уште Нешков.

Претходна статија

Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители

Следна статија

МНР со целосна поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија

Најново од Вести