Невестинска торта за 1 милион долари
Некои луѓе сакаат луксуз и апсолутно не штедат пари кога станува збор за нивната свадба. За свадба во Дубаи слаткарката Деби Вингам направила торта во вредност од еден милион долари. Тортата била висока 182 см и тежела над 100 кг. За да се направи тортата биле потребни 1.000 јајца и 20 килограми чоколадо. Деталите, бисерите и цветовите биле рачно направени и траеле 10 дена.
Она што ја прави толку скапа се дијамантите што биле искористени за украсување на невестинската торта.