НЕЗАВИСЕН: СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СПИЕ ОД ХОРМОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ

/

Борбата на полицијата со ноќните тркачи како да не вродува со плод, па секоја година, особено во топлите месеци, постојано пристигнуваат поплаки од жителите чии куќи или станови гледаат кон булевар, чиј сон е оневозможен од бучавата од возилата, се вели во материјал на колешката Билјана Богдановска од Независен весник.

Полицискиот билтен секојдневно е полн со вести за прекинати трки, за предупредени возачи, за сопрени возила кои ја надминуваат дозволената брзина на движење по булеварите, а токму тие предизвикуваат и зголемена бучава.

„Единицата и Одделот за безбедност при сообраќај спроведуваат акциски контроли и преземаат мерки кон лицата кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење на возилата, а доколку постои можност, тие се упатуваат и на вонреден технички преглед каде што се мери бучавоста на возилото. Доколку е повисока од дозволената, се презема соодветна мерка по Законот за возила“, велат од Министерството за внатрешни работи за „Независен весник“.



Претходна статија

МКД.МК: ПО ТЕЛОТО ШТО БЕШЕ ПРОНАЈДЕНО СИНОЌА ИМА ТРАГИ ОД НАСИЛСТВО

Следна статија

МАКЕДОНЦИ ПРИТВОРЕНИ ВО БУДВА: КРАДЕЛЕ НА „СЛОВЕНСКА ПЛАЖА“

Најново од Вести