| |

НИКОЛА ДИМИТРОВ ОД ДЕНЕСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ФРАНЦИЈА

Од 10 до 12 декември 2018 година, делегација на Република Македонија,  предводена од ЗПВРМ и МВР Оливер Спасовски и МНР Никола Димитров, ќе реализира работна посета на Париз, Француска Република.

За време на посетата, Министрите ќе земат учество на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а на покана од францускиот Министер за надворешни работи до Министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од З.Балкан. Состанокот е предвидено да биде воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на МНР Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата Роберт Шуман. 

Слични Објави