| |

НИКОЛА ДИМИТРОВ: ПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НАЛИКУВА НА БИБЛИСКАТА ПРИКАЗНА ЗА ЦАРОТ СОЛОМОН

Денешната политичка ситуација во Македонија за жал потсетува на спорот меѓу двете мајки и мудроста на Кралот Соломон од Стариот завет. Ако треба и Македонија ќе ја срушат, само да биде по нивно, да нема одговорност, да биде нивна.

Две жени кои живееле во иста куќа родиле синчиња речиси истовремено. Едното синче починало, а мајката го заменила со синчето на другата мајка.

Кога отишле кај Кралот Соломон тврдејќи дека се мајки на живото бебенце, Соломон предложил да го пресечат синчето на два дела и да земат по еден. Вистинската мајка вриснала: НЕ, не го допирајте, дајте и’ го на другата жена!

Ќе ја исправиме Македонија на нозе, па кој сака нека биде на власт. Ќе не’ биде-напиша на својот профил министерот за надворешни работи Никола Димитров.



Слични Објави