Николовски: Заев одбива да ја испрати оставката на Филипче до Собранието

/

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски побара од првиот човек на Собранието Талат Џафери веднаш да ја стави како точка на дневен ред оставката на Венко Филипче, односно нивниот предлог за разрешување на министерот. Николовски обвинува дека премиерот одбива да ја достави понудената писмена оставка од Филипче до Собранието.

Интегрален текст од прес конференцијата на пратеникот Александар Николовски

-Талат Џафери, да ја стави на дневен ред Одлуката за оставка министерот за здравство, Венко Филипче. До овој момент, Зоран Заев одбива да ја испрати до Собранието оставката на Венко Филипче од министер за здравство што самото кажува дека во рамки на внатрешните договори помеѓу себе идејата е оваа оставка никогаш да не се реализира.

Согласно договорот, Собранието работи само до следниот петок, затоа што потоа почнува кампањата за локалните избори и целта е да се превесла целиот овој период од некаде 10-тина дена и оставката на Венко Филипче да не се достави до Собранието на Република Македонија, а во исто време да не се стави точка за разрешување на Венко Филипче како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

Целта е јасна, а тоа е да се заштити неспособноста и криминалот кој што чини човечки животи. Сосема ирелевантно е чувството на вина и морална одговорност кај Венко Филипче, Зоран Заев, Илир Хасани и било кој друг доколку тоа не се материјализира низ оставките. А уште поголемо понижување на јавноста и на народот е кога се обидува јавноста да се излаже и замае. Јавно некој да каже дека поднесува оставка, а потоа да си игра со таа оставка, само покажува за какви морални луѓе се работи.



Уставот е многу јасен и вели дека секој министер има право да поднесе оставка и тука завршува затоа што се знае дека кога се поднесува оставка тоа е завршен чин, не може да се поднесе оставка, па истата да ја повлечете или да не ја прифатите, затоа што некој самостојно одлучил дека веќе не сака да ја врши таа работа.

Така што овие игри и овој театар за јавноста, само покажува дека нема чесна намера. Го слушнавме Зоран Заев како вели дека Владата не требала да падне заради пожарот кој што се случи во Тетово. Еве јавно оттука прашувам, колку животи треба да се загубат? Колку нерасветлени случаи и несреќи треба да се случат за да почнат оставките за некој да почувствува одговорност и да падне Владата?

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ФОТО: Венко Филипче си продолжува како министер, утрово имал средба со директорите на Клиниките

Следна статија

Заев: Да учиме од критиките на Пендаровски

Најново од Вести