НИКОС КОЅИЈАС: ДОБИВАМ СМРТНИ ЗАКАНИ, КУРШУМИ И ПАКЕТИ СО КРВ

//

„Ми испраќаат куршуми, кутии полни со крв и голем број на закани кон мене и моето семејство“, откри министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио News 24. Грчкиот министер за надворешни работи зборува за зголемената омраза во Грција, за која вели дека треба да престане.

„Добив околу 800 писма заканувачки за мене и моето семејство.  Имам кутии полн со крв, симболизирајќи дека ќе има крв во моето семејство. Добив различни големини на куршуми. Каде е обвинителската служба? Тука имаме не само клевета, тука имаме забранета акција која се граничи со криминал.



Ова се сериозни кривични дела според грчкиот закон за кои не гледам некој да  реагира. Ги открив и имињата и адресите и телефонските броеви на луѓето кои ми закануваа, но обвинителот не реагира со апсење. 800-те писма за кои зборува Коѕијас, се непознати за јавноста. Од почетокот на интензивните преговори со Македонија досега, грчките медиуми објавија само две заканувачки писма со куршуми  кои беа упатени до лидерот на грчката дипломатија со пораки „да не го отстапува името Македонија”.

Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПОКАНА ЗА НАТО

Следна статија

СРЕДБА НА ЗМНР ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КАРЛО РОМЕО

Најново од Вести