Нимиц не го „чепка“ идентитетот, Хојт Ји е свесен дека прашањето за името сложено за решавање

//

Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам. Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југоставија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц пред македонските медиуми. Според него не е тајна дека дека договорот е сеопфатен.  Нимиц тврди дека со предлозите за ново име на државата, македонскиот идентитет е безбеден.

Во меѓувреме заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји во емисијата „Светот е бизнис” на телевизијата Блумберг на бугарски јазик изјави дека  прашањето за името не е едноставно за решавање.



„Ќе беше добро проблемот да се решеше пред 25 години, но ако двете држави продолжат да работат како сега, под раководство на Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН, како посредник, ние веруваме дека тоа е дефинитивно возможно“, рекол Ји.

Претходна статија

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ „МИРСАДИ“

Следна статија

ЛОШИ ВЕСТИ: Лазаров најверојатно го заврши Европското првенство

Најново од Вести