| |

НОВА КНИГА ПО ПОВОД 25-ГОДИШНИНАТА ОД ПРИЕМОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

По повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: “Macedonia at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (1993-2018)” од авторот Неџад Мехмедовиќ (Nedzad Mehmedovic).

Книгата претставува зборник на вкупно 26 официјални документи на англиски јазик од обраќањата на македонските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на 4 претседатели на државата, 2 претседатели на владата и 5 министри за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 2018 година.

М-р Неџад Мехмедовиќ (Скопје, 1985) е политиколог и историчар вработен како асистент-истражувач во Институтот за национална историја во Скопје. Негово поле на научен интерес се јавните политики, меѓународните односи, миграционите движења, човековите права, историјата и османистиката. Автор е на вкупно четири книги и на над дваесет статии од различни научни области од општествените науки на македонски, англиски, босански и бугарски јазик.

Книгата може да се купи во книжарниците во Скопје, a истата ќе биде достапна и на www.amazon.com од почетокот на 2019 година.



Слични Објави