Нови цени на горивата, поевтинуваат дизелот и мазутот

/

Од полноќ ќе почнат да важат новите цени на горивата, според кои Дизелот ќе се намали за два денари и ќе чини 88 денари за литар, објави Регулаторната комисија.

Ова е првпат дизелот да падне под границата од 90 денари за литар, откако претходно најевтин беше на 31 мај и чинел 87 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 83,5 денари, додека Мазутот М-1 НС ќе чини 41,783 денари за килограм.





Претходна статија

Пендаровски: Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид

Следна статија

Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално плаќаат, порача Бектеши

Најново од Вести