Новото нормално на Бујар Османи: Зелена дипломатија, вработените во МНР добија електрични тротинети

/

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

„Со овој симболчен гест, министерството за надворешни работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата визија е да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина не само во зградата на министерството, туку и на дипломатската мрежа. Притоа, задржувајќи висок кредибилитет меѓу вработените и партнерите, следејќи го чекорот на светот кој се движи кон поодржлива иднина“, истакна Османи

Министерот додава дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.



Тргнувајќи од овие факти, вели Османи, за вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина, порача министерот.

Претходна статија

Од септември, учениците од прво до четврто одделение ќе учат според новата Концепција

Следна статија

Загинаа девет патници и еден од возачите, девојче меѓу тешко повредените

Најново од Вести