ОБЕЗБЕДЕНИ 1.860 ПАКЕТИ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ ПРОДУКТИ ЗА ЕДНОРОДИТЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

/

Министерството за труд и социјална политика во соработка со UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените и финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, обезбеди 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од ковид-19, наменети 368 еднородителски семејства корисници на гарантирана минимална помош, пренесува Плусинфо.

Од нив, како што информира МТСП, најголемиот процент или 95 проценти се жени, 329 регистрирани жртви на семејно насилство, како и за шелтерите и кризните ценпптри за жртвите на родово-базирано насилство во целата земја. Дистрибуцијата ќе се изврши преку републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

– Министерството за труд и социјална политика во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани. Сериозните закани од ковид-19 бараат континуиран одговор за да ги пресретнеме потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнеме полесно да се справат со сите предизвици. Жените и понатаму во најголем дел се одговорни за домашните обврски, грижата за семејството и децата и оддржувањето на домот. Затоа, покрај останатите мерки кои Министерството за труд и социјална политика ги презема за справување на граѓаните со последиците од оваа кризна состојба, поддршката и помошта со пакети со прехранбени производи и средства за хигиена во овие услови се добредојдени и значат многу за овие семејства. Нашето мото е „Се грижиме за сите“, и дистрибуцијата на овие пакети значи токму тоа. Изразуваме благодарност до нашите меѓународни партнери за поддршката што ја добиваме од нив да помогнеме и да допреме до секој граѓанин на кој му е потребна помош – информира МТСП.





Претходна статија

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ФРАНЦИЈА БАРА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЗО И ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ

Најново од Вести