Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од Западен Балкан

/

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули.

Ова го порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во говорот на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии што се одржа во Подгорица, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans“.

Нагласи дека ова е само почеток и додаде дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу шесте земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.



-Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба, рече Шаќири.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Филипче ги намали шансите летово да има свадби и прослави во затворените делови на рестораните

Следна статија

Засега власта не најде институција одговорна за увозот на канцерогениот мазут

Најново од Вести