ОД 1 МАЈ КАЗНИ ОД 20 ЕВРА ЗА ГРАЃАНИТЕ И ОД 2.000 ЕВРА ЗА ФИРМИТЕ АКО НЕ СЕ НОСАТ МАСКИ

/

Стапи во сила Уредбата за задолжително носење лична заштита на јавни места од отворен и затворен тип, опомени за непочитувањето на уредбата до 30 април, а потоа прекршочни казни, информира владата, пренесува Плусинфо.

Денеска во „Службен весник“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот ковид-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе владата на својата 45-та седница.

Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштитна опрема на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот ковид-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето лична заштитна опрема на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.

Под лична заштитна опрема на лицето со уредбата се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

Во уредбата се утврдува дека во случај на прекршување на одредбите од оваа уредба со законска сила, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 април 2020, надлежните органи ќе изрекуваат исклучиво опомени.



После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила.

Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Претходна статија

ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА И НА ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ

Следна статија

СО НЕДЕЛИ ПЛОВЕЛЕ ПО МОРЕТО, НЕМАЛЕ ПОИМ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести