Од каде доаѓаат имињата на државите (II)?

Грција- Грците себе си се нарекуваат Елини, својата држава ја нарекуваат Елада, но самото име на нивната држава доаѓа од латинскиот топоним: Graecesia, што буквално значи „Земја на Грците“. Самото име „Грци” најверојатно доаѓа од митскиот херој Греции – син на Пандора (внука на онаа Пандора со кутијана) и Зевс. Според Хезиод, тој го дал своето име на сите што ги пазат традициите и обичаите на Елада.

Данска
-Земја на војните. Доаѓа од поимот „дани” – „војници”, како што се нарекувале Викинзите.

Естонија- 
Земјата на естите – тие биле локални племиња, кои ја населувале територијата на државата од илјадници години.

Ирска-
Името значи буквално „земја на запад” – iar-en-land. Од келтското iar – „запад”.

Исланд- Името значи „ледена земја”.

Шпанија- Името значи „земјата на многуте зајаци”. „Span” e стар пунски збор што значи – „зајак”.

Италија се викала Виталија – „земја на добитокот”.

Казахстан – „Земјата на Казаците” или „Земјата на јавачите”.

Кипар- Буквално името значи „земја на бакарот“, поради огромните количини бакар пронајдени на островот.

Лихтенштајн- Државата го носи своето име според аристократскиот род Лихтенштајн. Самото име значи „светол камен “.

Луксембург- Во буквален превод името на државата значи „светол град“.



Слични Објави