| |

ОД КАРАНТИН ПУШТЕНИ 181 ЛИЦЕ ВО ФРАНЦИЈА

Првата група француски државјани, кои беа евакуирани од кинескиот град Вухан, по две недели се пуштени од карантин.

Никој од 181 лице не е позитивен на вирусот, соопштија властите, пренесе „Ројтерс“.

„Немаше никакви проблеми и луѓето се среќни затоа што заврши“, рече директорот на Црвениот крст, Марк Зилтман.

Патниците по евакуацијата од Вухан беа сместени во карантин во одморалиштето Кари ле Ру на Азурниот Брег.

Друга група, од 157 лица, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат пуштени на 16 февруари, а останатите на 23.

Во Франција се регистрирани 11 случаи на коронавирусот.

Извор: Макфакс



Слични Објави