ОД КОВИД ПОЧИНА 23- ГОДИШНА ДЕВОЈКА, ВКУПНО 17 ВО 24 ЧАСА, НОВИ ЗАРАЗЕНИ СЕ 1.347

//

Дваесет и тригодишна девојка од Кичево почина како последица на Ковид во изминатите 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи во Македонија е 17.

Се работи за лица од 23 –90 години, при што најголем број се од Скопје, осум пациенти, двајца од Прилеп и по еден починат од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болница, а едно лице во домашни услови.

Нови 1.347 случаи на ковид-19 се регистрирани од 4.096 направени тестирања, при што 643 се во Скопје, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип – осум, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово имаат по седум нови случаи, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод по шест, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар по четири, Крушево и Пехчево по три и Кратово два нови случаја на коронавирусот.



Регистрирани се 451 оздравени пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се дијагностицирани 122.227 со ковид-19, починаа 3.545, додека активни случаи се 16.030 од кои 8.116 од Скопје.

Претходна статија

ОТКРИЕНИ 29 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ НА „АСТРА ЗЕНЕКА“ ВО ФАБРИКА ВО ИТАЛИЈА, ЕУ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ

Следна статија

САМОХРАНА МАЈКА ОД КУМАНОВО СО ПИСМО ДО БУГАРСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ: МИ ЈА УКИНАА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ ЗАТОА ШТО СУМ БУГАРКА

Најново од Вести