ОД ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИЈА ДЕКА ГИ НАМАЛИЛЕ ЛИЧНИТЕ СЛУЖБЕНИ ТРОШОЦИ ЗА 26 ОТСТО

Падот на вкупните лични службени трошоци на носителите на јавни функции во  Република Северна Македонија, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18.259.116 денари.

Колку за споредба, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извешатен период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.

Вкупните угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.

Заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, Алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната Влада бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката владата.

Со овој најнов извештај за мониторинг на личните службени трошоци на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, Алатката ги содржи финансиските и наративни извештаи за 24 месеци, поточно од јуни 2017 до мај 2019, се вели во соопштението на Владата.