|

Одбележуваме 111 години од убиството на големиот костурски војвода на ВМОРО Васил Чакаларов

На 9-ти јули 1913 г. кај леринското село Бел Камен загинува главниот војвода на ВМОРО во Костурско – ВАСИЛ ХРИСТОВ ЧАКАЛАРОВ.

Роден е 1876 г. во костурското селото Смрдеш. Прво учи во грчко основно училиште, а потоа татко му го префрла во бугарско училиште. Во 1893 г. лежи во Корчанскиот затвор, но наредната година успешно бега и се населува во Бугарија. Таму работи како чевлар, каменоделец и зидар, а во Шумен завршува гимназија. Зема учество во легалната дејност на Врховниот комитет и станва близок пријател на Борис Сарафов. Заедно со Лазар Киселинчев создава канали за закупување на оружје од Грција. Во 1902 г. испратен е од Битолскиот комитет на ВМОРО како војвода да ја помага дејноста на Пандо Кљашев и Лазар Москов во Костурскиот реон, каде егзекутира гркомански шпион. Во 1902 г. Гоце Делчев го посетува Костурскиот реон и определува раководители на реонот. На заедничкото собрание организацијата го осудува Коте Христов на смрт заради арамилок, а Чекаларов настојува веднаш да се исполни пресудата, но Коте е помилуван од Г. Делчев. Во август соединетите костурски чети, начело со Васил Чакаларов, водат битка со Коте Христов, кај с. Оштима. Во зимата тој организира бомболерница во Смрдеш. Во март наредната година во с. Черешница Чакаларов се сретнува со четата на Борис Сарафов, а селото заедно со Врбники и Въмбел преминуват кон екзархијата. Учествува на Смилевскиот конгрес заедно со Пандо Кљашев како представници на Костурскиот револуционерн реон. Во април кај ресенското село Златари В. Чекаларов, П. Кљашев, И. Попов и М. Влаот водат борба со турскиот аскер. Наредниот месец го затекнува опожарено родното село Смрдеш, изгорено од турската армија. 1000 војници турски аскер го опколуват с. Дъмбени, четата на Л. Поптрајков го зазема врвот Вињари, во помош пристига четата на Д. Андонов, кој го заема врвот Локвата и ги удира Турците в грб. Големата битка продолжува долго, а во помош пристигат и четите на В. Чакаларов, П. Кљашев и М. Влаот. На 2-ри август се дига Илинденското востание во Костурско со околу 2000 востаници. По три дена е преземена Клисура, а после голема битка на 12-ти август е преземена и Невска. После многу битки на 27-ми август се зема решение за повлекување на четите од Костурско, за да го запазат мирното население од турскиот аскер. В. Чакаларов е инициатор на составувањето на мемоар од името на костурските раководители за турските зверства во Костурско и е е врачен на странските дипломати во Битола. В. Чакаларов предводи одред од 450 души и води битка во с. Апоскеп. Во албанската област Колоња ја прочистуват од албански и турски разбојници. Накрај се враќа во разореното Костурско, каде што четите се распуштат, а тој се прибира во Бугарија. На 14-ти март 1904 г. Чакаларов, Борис Сарафов и други создават Привремен комитет, со цел да го замени Задграничното представништво на ВМОРО. Учествува како делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО, во 1908 г. Во текот на Балканската војна В. Чакаларов е определен за командир на партизанска чета, кои се дел од Македоно-одринското ополчение. След 20-ти октомври здружената чета ги ослободува Невеска, Прекопана и Загоричани, ги обезоружуват околните турски села, а потоа се ослободени и селата Апоскеп, Дъмбени, Габреш и Косинец. Четата помага на грчките војски при преземањето на Кајљари и запленува 700 турски војници. Обединетите чети влегуват во Костур и се свечено пречекани од членовите на Буарската обштина. Костурската соединета чета е расформирана во ноември 1912 г., така што четниците се вклучуват во редовните дружини на Ополчението. В. Чакаларов, слично на многу други македонски дејци, смета, дека Македоно-одринското ополчение требаше да биде испратено на фронтот во Македонија, за да не се дозволи на сојузниците Грци и Срби да окупират земји населени со Бугари. За време на Меѓусојузничката војна В. Чакаларов и И. Попов повторно организират голема чета, која што да проникне во тилот на грчката армија. Во јуни 1913 г. од Дојран за Костурско заминуват со војводи и четници. Тргнуват на југоисток во авангарда на Бугарската армија. Разбиват србско-грчки единици, а потоа го ослободуват Гевгели. В. Чакаларов, И. Попов, Н. Кузинчев, Х. Цветков и П. Сидов продолжуват кон Костурско. На 4-ти јули во с. Чеган четата е предадена, а Чакаларов е ранет. Наредниот ден неговата чета се распрснува, ранет е повторно, но достигат до планината Вичо. Ранет многукратно во градите загинва при битките со грчки војници.

Одрезената глава на Васил Чакаларов е однесена од војниците во Лерин и набиена на кол е разнесувана по улиците. Потоа, грчките војници ја предават на епитропот од бугарската црква Св. Пантелејмон, кој што ја погребува во гробиштата.

“Во јули 1913 година, кога Бугарија, слезе од височините на славата, заплака над гробот на нејзините идеали, грчките власти разнесуваа една мртва глава низ улиците на Лерин. Со оваа глава, што веќе не е опасна, непријателот го симболизира својот триумф над Бугаризмот. Посочувајќи ја на своите нови омразени поданици, тој сакаше да им каже: „Кажете им збогум на сите надежи! Васил Чекаларов повеќе не е жив…“

Еве еден човек за кој треба да жали што не е полковник или генерал денес за да командува со голема воена единица…

Грчкиот куршум стави крај на неговото страдање, но не ги спаси неговите останки од сквернавење. Грците не би биле Грци, Грците не би ја оправдале својата стара слава како никаквеци ако се однесувале кон него со почитта што му ја должиме на мртвиот противник. Главата на Чекаларова беше наеднаш отсечена и однесена во Лерин, а трупот беше оставен на грабливите ѕверови од планината Вичо. Најомразените меѓу месните Бугари се појавуваа по ред, за да им потврдат на крвниците кои се радуваа, дека главата му припаѓа на Чекаларов… Така жално загина силниот човек, железниот воин, од чие име со години трепереа непријателите на Бугарштината.“

ЕДЕН ИСТАКНАТ СИН НА КОСТУРСКО – ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ, Христо Силјанов

“Како што видовте, драги Протогеров, вие со јунаците ослободувате таму и грчки места, за да допуштиме заробување на нашите чисто Бугарски земји. Ако тргневме за тука, за нашите места, денес немаше народот да ја оплакува својата очајна положба, а ќе се радува, како во Штип и во други места, ослободени от Бугарија.“

ПИСМО НА В. ЧЕКАЛАРОВ ДО А. ПРОТОГЕРОВ, 1912 г.



Слични Објави