| | |

Одбележуваме 116 години од убиството на Борис Сарафов

На 28-ми ноември 1907 г. е убиен легендарниот војвода на ВМОРО и член на главниот штаб на Илинденското востание БОРИС ПЕТРОВ САРАФОВ (заедно со Иван Гарванов) од предавникот Тодор Паница, а по заповед на Јане Сандански. Роден е во неврокопското село Либјахово 1872 г. Учел во Бугарската гимназија во Солун, од таму се познава со Гоце Делчев. После тоа се запишува во военото училиште во Софија, а покасно добива чин поручник во Бугарската армија. Во 1895 г. како војвода на чета учествува во Мелничкото востание (четничката акција).

Потоа учи во Санкт Петеребург во академијата на генералниот штаб. Во Солун се среќава со раководителите на ВМОРО, а во Бугарија создава офицерски друштва во касарните, од кои да изпраќаат офицери во Македонија. Прави обиди да собере пари и оружје од повеќе европски држави. Во 1899 г. е избран за председател на Врховниот комитет. Подпишува протокол со задграничните представници на ВМОРО Г. Делчев и Ѓ. Петров за допуштање на бугарски офицери во сите структури на ВМОРО. Изпраќа меморандум до владетелите на Великите сили и Турција за изполнување на член 23 от Берлинскиот договор. Во Женева предава пари на Ј. Попјорданов со кои гемиџиите извршуваат подготовка за Солунските атентати, а на ВМОРО му предава пари и вооружување. Од кога е земено решение за Илинденското востание формира чета и пренесува 150 кг. динамит во Македонија.

На Смилевскиот конгрес е избран за член на востаничкиот штаб. Тој изготвува очаен апел до владата во Софија, во кое настојува за итно вмешување за спасување на месното население. Б. Сарафов е делегат на Рилскиот конгрес од 1905 г. во кој се конфронтира со Јане Сандански. Конечното решение за ликвидирање на Сарафов, Гарванов и Матов е донесено на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ во октомври 1907 г.

На 28-ми ноември Тодор Паница е поканет во домот на Борис Сарафов во Софија, каде согласно на предходните договори треба да присуствуваат и трите задгранични представници, но во последниот момент Х. Матов известува, дека нема да може да дојде. На испраќање на излезната врата Т. Паница со два револвери смртоносно ги прострелува Гарванов и Сарафов. По нивното убиство разцепувањето во ВМОРО станува факт.

“Со оглед на критичката и ужасна положба, во која се најде Бугарското население од Битолскиот вилает по извршените опустошувања и ѕверства од турската војска и башибозук, со оглед на тоа, дека тие опустошувања и ѕверства на систематски начин продолжуваат и не може да се предвиди до каде ќе отидат; со оглед и на тоа, дека тука сeто Бугарско ризикува да изгине и се затрие без спомен од насилства, глад и настапувачката мизерија. Главниот штаб смета за свој долг да му обрне внимание на Почитуваната Бугарска Влада на катастрофалните последици за Бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите единородни браќа тука на еден впечатлив и активен начин, како што се налага од силата на околностите и опасноста, која што ја загрозува Бугарската татковина денес.“

Писмо на ГШ на ВМОРО до Бугарската влада, 09. 09. 1903 год.



Слични Објави