|

Одбележуваме 121 години од загинувањето на војводата на ВМОК Тодор Саев

На 28-ми март 1903 г. во петричкото село Цапарево загинува војводата ТОДОР ХРИСТОВ САЕВ. Роден е во горноџумајското село Белица 1872 г. Завршил Бугарско педагошко училиште во Сер, а потоа го продолжил образованието во Софија. Покасно завршил австро-унгарско морско училиште во Трст и стапил на служба во Бугарската флота. Специализирал во Военото училиште во Софија. Во 1900 г. ја напушта воената служба и влегува во Врховниот македоно-одрински комитет. Навлегува со чета во Разлог. Заедно со Христо Чернопеев води борби два пати при с. Габрово и с. Селиште. Друга борба водат и при с. Лешко. На 23-ти септември 1902 г. четата на Саев го дава почетокот на Горноџумајското востание во с. Железница. Заедно со четата на Н. Лефтеров се бори и во с. Лешко и Белица. На 9-ти март 1903 г. четата на Т. Саев и К. Настев налетва на заседа во местноста Чавката, Пијанечко. 36 души четници се борат 8 часа со над 1300 души аскер. Во навечерието на Илинденско-Преображенското востание Т. Саев навлегува со чета во Македонија. Четата му е обградена во селото Цапарево од турска потера. Успева да се измакне од обкружението, но во битката војводата Тодор Саев е смртно ранет.

“Тодор Саев, херојот од Чавките и Ѓаволскиот дол, бил тешко ранет во една лута борба при с. Цапарево на 27-ми март и на следниот ден заобиколен од своите љубени четници, во големи маки и со зборови, полни со љубов кон татковината и кон верната дружина го предал духот на Бог. Т. Саев може да се постави во еден од првите редови на онаа плејада од несебични, јуначни и самопожртвувани природи, кои што, еднаш ја поставиле за цел на својот живот слободата на својот народ, смело, без запирање верувале во својот преднацртан пат. Сиромашко чедо, син на робска Македонија, успеал со илјади усилби да се повиши во прв офицерски чин, тој во името на богатствата на своите сонародници, во името на слободата на татковината, ја остава спокојно својата иднина и… и се побратимува и влегува пак одново меѓу робовите, од која што средина излегол, оди да ги истрие солзите на оние, кои што имаат потреба од тоа, оди да ја вооружи и стегне раката на оние, кои што се готови за тоа… Пред тоа ретко самоодрекување, ние сме должни да се поклониме. Како смел и умен борец, Саев, уверени сме, остави најдобри спомени меѓу своите соборци и Бугарското обштество. А како несебичен борец – благодарност на робската земја.“

в-к МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ КУРИЕР, Павел Генадиев

Слични Објави