|

Одбележуваме 130 години од раѓањето на видниот правник и општественик, борец за правата на македонските Бугари Димитар Шалев

На 3-ти јули 1894 г. во Скопје е роден ДИМИТАР ЈАНЧЕВ ШАЛЕВ виден правник и обштественик. Прво учи во бугарско основно училиште, а потоа во султанскиот турски лицеј во родниот град. Го продолжува образованието во Бугарската машка гимназија во Солун, каде што го затекнува Балканската војна. По Меѓусојузничката војна емигрира во Софија, каде што завршува средно образование. Учествува во Првата светска војна и војува на Солунскиот фронт. По војната завршува право на Софискиот универзитет. Во 1922 г. Шалев се враќа во Скопје, работи како адвокат и учествува активно во политичкиот живот. Се кандидатира за обштински кмет од Демократската партија и ги добива гласовите. На таа позиција останува до 1928 г. и е во постојан конфликт со жупанот на Скопје Велимир Прелич, кој на крај го уапсува. Како обштински кмет во родниот град покажува спротивставување на асимилаторската политика на властите, истовремено развива нелегална револуционерна дејност, помагајќи ја борбата на ВМРО и ММТРО. Шалев е уапсен во 1927 г., уште пред да заврши Скопскиот студентски процес, измачуван и обвинет од властите во врска со ВМРО. Во март 1928 г. е суден заедно со други жители на Скопје. Девет месеци покасно обвинителот внесва обвинителен акт со барање за смртна казна, но поради недостаток на докази тој и уште 12 граѓани се оправдани. Поради дивеењето на крвавиот терор во Вардарска Македонија, предупреден, дека е во црниот список на србските терористи, Шалев на крајот од 1929 г. го напушта со семејството тајно градот и бега во Швајцарија. Таму учествува активно во пропагирањето на македонската кауза. Уште на 14-ти јануари 1930 г. ја испраќа заедно со Григор Анастасов и Димитар Илиев, првата од неколку петиции меморандуми во заштита на правата на бугарското национално малцинство во Југославија. За први пат авторите на петициите се видни македонски обштественици, кои заземале висока позиција во самата Југославија, и тие наоѓат широк отзвук во Европа. Барајќи меѓународна подкрепа за каузата на македонските Бугари, македонските представници ги посетуват Виена, Берлин, Будимпешта и Цариград. Во Лондон се примени во англискиот парламент, каде што изнесуват подробен извештај за положбата во Вардарска Македонија и врачват специално подготвен меморандум. Организираат посета во Женева на представници на протераното од Македонија бугарско духовенство. Делегацијата врачва на Генералниот секретар на Обштеството на народите петиција, подпишана од владици и 250 православни и католички свештеници. Покасно делегацијата ги посетува Рим, каде што е примена од папата, Лондон, Париз и Берлин. Во 1934 г., од кога останува без средства, последен од тројцата Шалев ја напушта Швајцарија и се населува во Софија. Во 1941 г. заминува за Скопје, каде работи како адвокат. Во септември 1944 г. со семејството го напушта Скопје и се враќа во Софија. Новата комунистичка власт започнува да го прогонува и е принуден да живее во провинцијата, работејќи во библиотека. Преживува мозочен удар и заболува од диабет.

Д. Шалев умира на 6-ти август 1960 г. во Софија.

“До Неговата Екселенција сер Ерик Друмонд, главен секретар на ОН во Женева.

По силата на чл. 2 од договорот подпишан во Сен Жермен меѓу главните сојузни сили и Кралството на Србија, Хрватска и Словенија, покровителсвото на малцинствата е под гаранција на ОН. Подпишувајќи го тој договор, кралството презеде задолжение да даде права на сите малцинства вклучени во неговите граници.

По силата на сето тоа, тие права и таа протекција се признати исто за бугарското население во Југославија присоединето кон неа. Основајќи се на тој договор, населението се обраќа кон ОН со молба, да го исполни и примени договорот за покровителство на малцинствата во дадениот случај за бугарското малцинство во Југославија, каде што тоа составува компактна маса сред населението, кое што живее во Македонија.

Десет години поминаа од склучувањето на договорот за мир. Покрај тоа Сенжерменскиот договор за покровителство на малцинствата си остана мртва буква. Бугарските малцинства во Југославија се не само лишени од предвидените права во тој договор, но се и подложени на една систематска денационализација и насилна асимилација, лишени се од политички права и се претворени во економски робови и осудени на мизерија.

Спротивно на договорите, југословенската влада ги уништи сите наши културни институти – национални, образовни и политички – затварајќи 641 бугарски училишта со 37 000 ученици, прогони 1013 бугарски учители, конфискува и ги претвори во србски цркви 761 бугарски цркви, избрка шест владици, прогони и уништи 833 бугарски свештеници, ги уништи сите бугарски библиотеки и читалишта, во кои што ние се учевме на мајчиниот бугарски јазик, забрани бугарски весници и списанија во Македонија. Во спроведувањето на својата политика за уништување на бугарштината во Македонија југославенската влада прибегнува дури кон мерки, кои што насекаде се сметат како целосно одрекување на современата цивилизација и елементарните поими на слобода.

Бугарското население во Македонија има длабока веpa кон великата мисија на ОН. Затоа, имајќи сознание за правата, кои што му се гарантирани како малцинство од Сенжерменскиот договор и покрај големите страдања поради насилната асимилација на југословенската влада, бугарското население во Македонија, организирано во своите национални организации, реши да не’ испрати во Женева во својство на негови законски представници, за да ја упатиме до ОН таа петиција и да ја бараме неговата протекција во својство на национално малцинство во Југославија.

Ние, долуподпишаните југословенски поданици, родени и живееме во Македонија во својство на представници на бугарското национално малцинство во Југославија, ја прифативме деликатната и патриотска мисија да ја упатиме до ОН таа петиција, убедени, дека со тој акт ние исполнуваме еден долг кон нашиот собствен народ.

Димитар Шалев, бивш кмет на Скопје

Глигор Анастасов, пратеник во парламентот на Југославија

Димитар Илиев, судија од Велес“

МЕМОАР, ПРЕДСТАВЕН ОД ИМЕТО НА БУГАРСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОД ЈУГОСЛОВЕНСКА ВЛАСТ, Женева, 1930 г.

Слични Објави