| |

Одбележуваме 79 години од убиството на еден од најголемите бугарски новинари и публицисти од Македонија прилепчанецот Данаил Крапчев

На 10 септември 1944 г. во Горна Џумаја (Благоевград), од бугарската комунистичка власт е убиен витезот на перото, ДАНАИЛ ВАСИЛЕВ КРАПЧЕВ, создател на весникот „Зора“ нарекуван бугарскиот “Тајмс”.

Данаил Крапчев е роден на 15 декември 1880 г. Неговиот татко Васил Крапчев бил истакната јавна личност, почитуван поради неговите позиции против грчката патријаршија и против србската асимилација. Бил еден од соработниците на Даме Груев за време на неговото учителство во градот и учествувал во подготовката на револуционерната организација. Прво учел во Бугарската гимназија во Битола, а во 1898 г. дипломирал на Бугарската гимназија во Солун. Тогаш станал член на ВМОРО и како средношколец се побунил против режимот на султанатот. Воден од патриотски побуди и од неговата голема љубов кон славното минато, дипломирал историја на Софискиот универзитет во 1906 г. а подоцна специјализирал во Швајцарија. Уште како студент ја објавил својата прва статија во списанието „Македонско-одрински преглед“. Во 1907 г. заедно со П. Јаворов и В. Пасков го уредуваат в. ИЛИНДЕН во Софија. Следната година ги уредува ОТЕЧЕСТВО и РОДИНА во Солун. Од 1909-1912 го издава в. ВАРДАР во Софија. Во 1912 г. повторно е четник со Јаворов во Солун и го издава в. БУГАРИН. По Втората балканска војна е уредник на органот на Демократската партија ПРАПОРЕЦ. Од 1915-1918 г. е воен дописник. Во 1919 г. го создава најавторитативниот независен весник во Бугарија ЗОРА. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во истото време е собственик на а.д. „Бугарски печат“ и „Преса“. По убиството на А. Протогеров бил во редакцијата на в. МАКЕДОНИЈА, орган на ВМРО.

Д. Крапчев е една од првите жртви на комунистичките жестокости. Линчуван е на улица во Благоевград, пребиен со тојага во келијата, а потоа е обесен во еден вагон на станицата.

Неговата сопруга Неша Станишева (сестра на д-р Константин Станишев, проф. д-р Александар Станишев и офицерот од бугарската армија Милош Станишев) и неговите деца Живко, Невена и Ружка се репресирани од бугарската комунистичка власт.

“Денес ја празнуваме паметта на св. Кирил и Методи. Денес, ние Бугарите не можеме да не си спомниме за земјата, која им ја вдахнала на св. Браќа идејата за словенска азбука. Не можеме да забравиме, дека македоно-бугарското наречје од солунските села послужило за основа на таа азбука, која се разпространи по сите словенски земји. Ослободени од секојдневните работни грижи, денес ние Бугарите не можеме да не си помислиме за судбата на Македонија, за разпокинатото Бугарско племе.

Потомците на оние, наречието на кое што легна во основата на словенската азбука, се речиси растурени при рамнодушноста или злорадоста на словенските народи. После повеќе од петнаесет столетија живот на исто место, тие се сега наново чергари. Грците ги изгонија од нивните родни места, а ги оставија таму да живеат робски живот само оние кои се далеку од морето. Словените се искоренети од крајбрежјето на Бело море. И со една жестокост, која нема равна на себе си, освен во историјата на древна Асирија и Вавилон, ги искоренија од тие места Бугарите.

Србите кои ако веќе не се убедиле, скоро ќе се убедат во невозможноста да го асимилират Бугарското население таму, затоа што нивните обиди да се србизират македонските Бугари нема да успејат.

Тоа треба да му го припомниме на чешкиот министер за надворешни рсаботи г-н Бенеш и на Србите, кои веќе приспособувајќи се кон традициите на македонските Бугари, денес сеуште ја чествуваат паметта на св. Солунски браќа.“

РОДИНАТА НА РАВНОАПОСТОЛИТЕ, 1926 г.



Слични Објави