Одбележуваме 91 годинa од смртта на војводата Аргир Манасиев
На денешен ден, пред 91 годинa во Горна Џумаја умира гевгелискиот војвода на ВМОРО – АРГИР НАКОВ МАНАСИЕВ.
Роден е во 1873 г. во с. Сехово, Гевгелиско. Татко му бил меѓу активните дејци при формирањето на Бугарската егзархија. А. Манасиев завршил Бугарска католичката гимназија во Зајтинлак, Солун. Во ВМОРО стапува во 1894 г. привлечен од Гоце Делчев и Даме Груев. Во солунското Ново село отвора Бугарско училиште, а потоа предава во Гевгелија. Во 1901 г. е секретар во четата на Крсто Б’лгаријата од Враца. Од август 1901 г. до август 1905 г. е гевгелиски околиски војвода. За време на Илинденското востание е во главниот востанички штаб во Гевгелискиот револуционерен округ. Организира успешен атентат на железничкиот мост на Вардар и води борби на Пајак планина. По востанието води борби против грчката вооружена пропаганда заедно со војводите Апостол Петков и Лука Иванов од Панаѓуриште. Во 1905 г. е секретар на Рилскиот конгрес на ВМОРО.
За време на Хуриетот учителствувал во Гуменџе и Гевгелија.
Во текот на Балканската војна бил војвода во Македоно-Одринското ополчение. За време на Првата светска војна бил околиски управник на Бугарската администрација во Гевгелија и Струмица. Во 1917 г. го потпишал Мемоарот на Бугарите од Македонија од 27. декември. По војните Манасиев се населува во Г. Џумаја, каде што бил председател на околиското управно тело на ВМРО. Работел како секретат на Окружната училишна инспекција. Аргир Манасиев умрел крајно беден на 7. септември 1932 г.
“…После неколку дена во градот (Гевгелија) пристигна една србска дружина – пешадиска начело со мајор Илич, кој веднаш ја зеде командата на градот и така лека полека Србите се закрепија здраво во нашиот крај. Наскоро после тоа пристигнаа една-две дружини грчка војска. Ние бевме тргнати со Ичко Димитров кон Дојран како да мислевме, дека таму има повеќе Бугарски војски та да помолиме барем една чета да влезе во нашиот град. Но во местноста Зеленика сретнавме патроли на грчките војски, кои почнаа да ни викат: Стасо, стасо! (стој!). Им кажавме, дека одиме за Дојран и не’ пуштија да продолжиме по патот. Во Дојран ни сообштија, дека таму имало малку војска. Тогаш се упативме за Кукуш, а оттаму за Солун. Се јавивме кај ген. Тодоров, кому му ја изложивме положбата, дека во градот наместо Бугарски војски се разположиле грчки и српски. Ги помоливме да биде испратена барем една дружина, за да може да се зарадва Бугарското население. Но тоа не се случи, покрај ветувањата…”
КАКО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ГРАД ГЕВГЕЛИ ВО БАЛКАНСКАТА ВОЈНА, А. Манасиев