|

Одбележуваме 93 години од смртта на големиот бугарски публицист, општественик и писател од Македонија Евтим Спространов

На 5-ти јули 1931 г. во Софија умира ЕВТИМ АНГЕЛОВ СПРОСТРАНОВ виден публицист, писател, обштественик, проучувач, револуционер на ВМОРО и резервен член на Централниот Комитет.

Роден е во Охрид, 1868 г. Учел во Бугарската гимназија во Солун, Духовна семинарија во Киев и Правен факултет во Москва. Потоа работи како учител во гимназија, во Софија. Еден е от основачите на Младата македонска книжевна дружина и е соработник на печатениот орган ЛОЗА. Заедно со други сомисленици предлага да се реформира книжевната норма на бугарскиот јазик, со раширување на словниот фонд, дополнувајќи го со западни дијалекти. Во 1895 г. на Првиот македонски конгрес во Софија е избран за член на раководството, покасно наречен Врховен македоно-одрински комитет. Бил директор на Бугарското женско училиште во Битола и инспектор на Бугарските училишта во Солунскиот санџак. Учествувал на Рилскиот и Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО. По Младотурската револуција е активен деец на Сојузот на Бугарските конституциони клубови (партијата на десницата на ВМОРО) и редактор на нејзиниот орган, весникот ОТЕЧЕСТВО. Бил секретар во митрополијата во Одрин и активист на Бугарска Матица. Од 1912-1913 г. е бугарски окружен управител на Штип и во Кукуш. За време на Првата светска војна е управител на Охрид, кога градот е под бугарска власт. По војната е секретар на Илинденската организација и подпредседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства во Бугарија. Тој е еден е од основачите на Македонскиот научен институт во Софија, 1923 г. Во 1928 г. е избран во Националниот комитет на македонските братства.

Зад себе остава голем број студии и научни статии.

“Македонската револуција е Бугарска револуција. Таа е продолжение на онаа, што се почна во 1876 г. Целта ѝ беше да се ослободи Бугарскиот народ. Меѓутоа не се ослободи целосно, таа продолжува оттогаш до денес, кога узреа конечно во Македонија, се разви и зазеде големи размери. Сега прашањето е: како таква треба ли да ја започне Бугарскиот народ преку Рила, да ја подкрепи, за да се истера делото до крај? – треба. Ако тукашните Бугари не го сторат тоа, ќе го изневерат својот народ: македонците се борат и страдат како Бугари, а не како македонци.“

ДНЕВНИК на Евтим Спространов

“Нема сомнение, дека Бугари имало во Солун уште од старо време. Макар тој да не попаднал никогаш под властта на Бугарите, но тие го заобиколувале често, се обидувале да го превземат со војна и после пак отстапвале. Факт е, дека границата на цар Симеон се наоѓала на неколку километри од крепостта на градот, цар Самуил не еднаш минувал крај него за кон Тесалија, а цар Калојан загина подло под ѕидовите на самиот град. Така што Солун, заобиколен од секаде со Бугари уште од најстаро време, напаѓан од нив воено, не е возможно да не имало Бугарска колонија во својата средина. Но таа колонија не играла никаква важна културна ролја, зашто повеќе или помалку се изравнувала со грчкото христијанско население и била проголтувана од него. Процесот на погрчувањето во Солун запре од денот кога се основа Бугарска обштина. Тој ден е важен и бележит, зашто тури крај на еден погубен за нашиот народ процес, и е почеток на самостојно национално и културно битие. Тој е велик зашто се создаде нова ера за Бугарштината во родниот град на св. словенски браќа Кирил и Методи. Од тој ден започна Бугарското завојување на Солун и не веќе со воена сила, а со културна и просветителска работа.”

ПРВАТА БУГАРСКА ЦРКВА ВО СОЛУН, 1907 г.



Слични Објави