| |

Одбележување на животот и делото на Глигор Чемерски

Денес со почеток во 18 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, во соработка со Музејот од Кавадарци, ќе биде отворена изложба на дела од еден од најголемите македонски ликовни уметници, Глигор Чемерски.

Во рамките на изложбата пред јавноста ќе бидат претставени дела во сопственост на институции од Општина Кавадарци, како и дела од приватни колекции. Некои од нив првпат ќе бидат претставени пред јавноста. Со отворањето на изложбата ќе бидат одбележани животот и исклучителното ликовно дело на академскиот сликар Глигор Чемерски, кој по потекло е од Кавадарци.



Слични Објави