Одбраната во случајот „Т.Н.Т.“ бара изземање на судиите кои биле прислушувани
Во кривичниот суд денеска во тензична атмосфера продолжи судењето за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
Обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.
Минатото рочиште од 16 март судијата Огнен Ставрев го ограничи излагањето на одбраната на обвинетите на пет минути, овој пат им даде само една. Адвокатот Еленко Миланов, во ограничената една минута, предложи барање за изземање на судскиот совет кои што се од редовниот состав на судот и од редот на поротниците.
-Поднесов барање до СЈО да каже кои судии биле предмет на прислушување. Во емисијата Анализа на ТВ24 на 21 март Катица Јанева наведува дека постојат судии кои биле прислушувани. Ваквата изјава на првиот човек на СЈО треба да биде предмет на анализа на судот за да се отргне сомнежот од пристрасност на овој судски совет, рече Миланов.
Извор: Курир