ОДЛОЖЕН ДУЕЛОТ ПОМЕЃУ СИТИ И АРСЕНАЛ: НЕКОЛКУ „ТОПЧИИ“ СЕ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

/

Натпреварот од Премиерлигата помеѓу Манчестер сити и Арсенал што требаше да се одигра вечерва е одложен, откако неколку фудбалери на лондонскиот тим се во изолација, бидејќи имале контакт со претседателот на Олимпијакос, кој пак е заболен од коронавирусот.

Неколку „топчиите“ се сретнале со Евангелос Маринакис по натпреварот во Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Олимпијакос на 27 февруари во Лондон. Шансите фудбалерите на лондончани да се заразени со вирусот се екстремно слаби, но Премиерлигата не сака да презема никакви ризици кога се работи за здравјето на сите.

Овие фудбалери на Арсенал ќе бидат во домашна изолација 14 дена исто како и лицата од управата кои седеле близу до Маринакис во ложата за време на натпреварот на „Етихад“.



Извор: Спорт1

Претходна статија

РУСКАТА ДУМА УСВОИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, ПУТИН МОЖЕ ПОВТОРНО ДА СЕ КАНДИДИРА

Следна статија

ДО ПЛАДНЕ 6300 ПРИЈАВИ ЗА ГЛАСАЊЕ ОД ДИЈАСПОРАТА, РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ

Најново од Вести