| |

Одложено рочиштето во Атина за жалбата на Грујевски и Бошковски

Поради остуството на еден од адвокатите е одложено рочиштето во Врховниот суд во Атина каде денеска требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Следното рочиште е одложено за 9 март.

Минатото рочиште што беше одржано на 16 февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни процеси. Едната е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, втората е за поднесеното барање за азил, а третата постапка е по македонското барање за екстрадицијата.



Слични Објави