Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“, еден од обвинетите е ковид позитивен

/

Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, која требаше да се одржи денеска се одлага откако е добиено известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на Ковид–19 вирусот, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно протоколите за заштита од Ковид–19 главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 02.12.2021 год. во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, се додава во писменото известување од Судот.



Извор: temite.mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот

Следна статија

Пратеник на БЕСА не се појави на закажаната седница за недоверба на Владата

Најново од Вести