Одложено вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар

По барање на Вардар, дербито со Пелистер кое требаше да се игра во четврток ќе се одложи за следниот месец.

Причина за одложувањето е фактот што Вардар има дури осум репрезентативци во националните селекции плус Ерменците, Барсегјан и Хамбарџумјан кои до среда ќе бидат со својата селекција.

Поради тоа Вардар побара одложување на мечот, а ФФМ го прифати нивното барање.

Во четврток со почеток од 15 часот ќе се одиграат останатите четири натпревари од 25 коло:

Работнички – Академија Пандев

Силекс – Победа

Скопје – Шкендија

Ренова – Шкупи

Извор: 24 Фудбал

Слични Објави