Одобрен обвинителниот акт за случајот „Титаник“

//

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Обвинителниот акт на СЈО за предметот „Титаник“ денеска е одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

Од Кривичниот суд соопштија дека по одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18 кој согласно АКМИС – електронскиот систем e распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.



Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Претходна статија

Отворена изложбата „Москва денес“ во музејот на Град Скопје

Следна статија

Нивото на невработеноста во Еврозоната останува ниско

Најново од Вести