Одри Хепберн- убавина која никогаш не избледува

Таа е многу повеќе од убава…

Таа е жената со големите очила за сонце, убавата фризура и тесниот црн фустан. Нејзиниот лик е бренд што можете да го видите на чанти, порцелански чаши, огледала за шминкање и на уште еден куп работи.  Одри Хепберн е многу повеќе од тоа. Таа е девојчето родено на 4 мај 1929 г. во Белгија. Го преживеала ужасот на Втората светска војна во Холандија, потоа заминала со своите родители во Лондон, а подоцна успеала да стане една од најпосакуваните филмски ѕвезди. Последните години од својот живот Хепберн ги посветила на работа за УНИЦЕФ и за децата од земјите во развој.

Хепберн е жена која го поминува својот живот со елеганција и достоинство. Позади себе имала два брака, доживува неколку спонтани абортуси и раѓа две деца. Креаторот Живанши е нејзиниот најдобар другар. Одри е неговата муза. Тој ја креира нејзината сценска облека, речиси за сите нејзини филмови.

Еве дел од мудростите, што ги остави позади себе оваа голема холивудска ѕвезда.

„Елеганцијата и убавината никогаш не избледуваат.“

„Зошто се менувате? Секој има свој стил. Тогаш кога ќе го најдете само треба да го зачувате“.

„Додека созреваш дознаваш дека имаш две раце, едната е за да си помагаш сам, а другата, да им помагаш на другите.“

„Да даваш, значи да живееш. Ако прекинеш да даваш, немаш причина за да живееш.“

„Среќата не доаѓа во вашиот живот бучно. Најубавите нешта, доаѓаат до вас тивко и го чекаат моментот кога ќе ги забележите.“

„Ги сакам луѓето што ми мамат насмевка. Смеата лечи многу болести. Можеби смислата за хумор е еден од најважните квалитети за еден човек“.

„Најважно во животот е да бидеш среќен.“

„Верувам дека смеата е најдобриот начин за слабеење. Верувам во бакнежите. Верувам во луѓето кои се силни во тешки моменти. Верувам дека убавите жени се среќните жени. Верувам дека утре нов ден и верувам во чуда.

 

 

Слични Објави