Одрон кај Плетвар, сообраќајот во прекин

//

Поради одрон и полава сообраќајот на Плетвар е во прекин. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа големиот одрон и колона возила.

На снимките објавени на приватни профили се гледаат големи наноси и вода која носи камења и земја.

„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман-Прилеп, кај местото викано Трите ленти е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, соопштија од АМСМ.



Засега нема информции колку време ќе биде потребно за расчистување и нормализација на сообраќајот.



Претходна статија

Црна Гора го замрзна имотот на 34 руски државјани

Следна статија

Тешка сообраќајка на автобусот кој ги превезувал бугарските фудбалери

Најново од Вести