ОФИЦИЈАЛНО: ФРAНК ЛАМПАРД Е НОВ ТРЕНЕР НА ЧЕЛСИ

/

Како што се најавуваше веќе долго време, конечно Челси го претстави Фрaнк Лампард како нов тренер на клубот од Лондон, па така легендата на англискиот гигант се врати дома.

Легендарниот фудбалер потпиша тригодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“, па кажа дека е горд што се враќа во клубот, кадешто помина голем дел од кариерата.

„Јас сум горд што се вратив во Челси како тренер. Мојата љубов кон клубот е голема и имаме долга историја, па сега ќе се насочам на подготовките за следната сезона. Јас дојдов тука за да работам напорно и да му донесам успех на клубот, па едвај чекам да почнам со работа“, порача Лампард.

Извор: Спорт1





Претходна статија

КИФ – ОФИЦИЈАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ ЗА ПОКОНКУРЕНТЕН РЕГИОН

Следна статија

ТАМАРА БИЛА ВО ЕУФОРИЈА И ЕМОЦИИ, ЗАТОА ГИ ИСФРЛИЛА ГОЦЕ, ПИТУ И ДАМЕ ОД ХИМНАТА

Најново од Вести