ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ АНГАЖИРАШЕ ОДЛИЧЕН ФУДБАЛЕР ОД СЕВИЛЈА

Шпанскиот фудбалер Пабло Сарабија ја напушти Севилја и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, иако и многу други гиганти покажаа интерес за неговите услуги.

ПСЖ утринава на официјалниот Твитер профил потврдија дека Сарабија е нов фудбалер на клубот, па со парижаните потпишал петгодишен договор.

Сарабија на навивачите на ПСЖ ќе им биде претставен во петок, а од овој 27-годишен крилен напаѓач се очекува многу во следната сезона.

Извор: Спорт1



Слични Објави