Олбрајт: Благодарност до Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија за давање засолништво на сојузниците од Авганистан

/

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт денеска им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.

-Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други, напиша Олбрајт на „Твитер“.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

805 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 10 починати лица

Следна статија

Авганистан по 20 години повторно под власт на талибанците

Најново од Вести