Оман- исклучителна егзотика, традиционална арапска култура и мистицизам

/

Оман е една од оние дестинации за кои нема да се сетите ако барате нешто вообичаено. Се наоѓа на југоисточниот брег на Арапскиот полуостров и има над 2900 км крајбрежје. Оман сѐ уште не спаѓа во популарните дестинации на кои одат туристи од целиот свет.  Оваа држава се наоѓа во југоисточниот дел од Арапскиот Полуостров и граничи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на северозапад, Саудиска Арабија на запад и со Јемен на југозапад. Оман излегува на два големи водени басени. На југ и на исток се наоѓа Арапското Море додека на североисток се наоѓа Оманскиот Залив. Како дел од територијата на Оман се и ексклавите Мусандам и Мада, одвоени од територијата на Оман со ОАЕ.

Отоманскиот залив е исклучително волшебно место, и не е ништо помалку од познатите светски плажи. Овој залив е дури и многу попријатен поради малиот прилив на туристи и недопрената убавина и егзотика.

Главен град на Оман е Мускат – град со извонредна убавина и автентична арапска култура кој
открива еден свет различен од оној на кој сме се навикнале.

Интересен факт е дека државата е апсолутна монархија, бидејќи е султанат. Земјата се потпира на
резервите на нафта, екстракцијата на природен гас, бакар, хром, јаглен, манган и благородни метали. Одгледувањето на тропско овошје, зеленчук и риболовот се исто така суштински дел од оманската економија, наспроти туризмот. Освен тоа, Оман отсекогаш бил крстопат на морските трговски патишта помеѓу Персискиот Залив и Арапското Море.

Друг интересен факт е дека речиси 75% од земјата е „окупирана“ од огромна пустина, особено со многу дини
на границата со Саудиска Арабија. Меѓутоа, остатокот од нејзината територија е крајбрежје, кое нуди исклучително разновиден релјеф. Во Оман можете да видите длабоки заливи, златни песочни плажи, корални гребени и карпести острови.

На север и на југ се планините – со голи карпи и високи врвови, и помеѓу планините и Оманскиот Залив
се шири најплодното место во државата Оман – тесната низина Ал-Батин.



Исклучителна егзотика, традиционална арапска култура и архитектура, недопрена природа, прекрасни плажи, некомерцијалност, мистицизам, тајност и убави пејсажи – ова е Оман и дефинитивно заслужува внимание!

This slideshow requires JavaScript.

Претходна статија

Модар домат со топено сирење и кашкавал

Следна статија

Природна маска за лице против акни и проширени пори

Најново од Магазин