Операцијата во Африн или имитирање војна

//

Турската операција во курдските региони во северна Сирија може да се нарече имитирање. И тука се вклучени сите играчи, кои беа дел директно или индиректно во неодамнешните настани во овој дел на Сирија.

Турција имитира голема офанзива, најавувана неколку пати, но засега реализацијата е  многу бавна, и е помогната главно од лојални на Анкара единици на Слободната сириска армија. Самите турски војници не брзаат да влезат во сериозни копнени судири со Курдите бидејќи засега повеќе сметаат на  воздушни напади. Имитација наменета за внатрешна употреба се чини дека се и официјалните мотиви за операцијата – Анкара тврди дека операцијата е дел од борбата против тероризмот. Но, кој ги смета за терористите сириските Курди – само турската пропаганда. Дури и Турците длабоко во себе не се убедени во тоа.

Што се однесува до Курдите, тие (барем во првата фаза од турската операција) имитираат активен отпор. Им се закануваат на агресорите, но засега не му даваат сериозен отпор, не минуваат во контранапад во одредени делови од фронтот. Има впечаток дека е постигнат одреден „договор“, според кој Турците  ќе воспостават ветената 30-километарска тампон-зона, а Курдите, нема да го попречуваат тоа.

На имитација наликуваше и протестот на официјален Дамаск по почетокот на турската операција. Иако северните курдски региони формално се уште се дел од Сирија, моќта на Башар Асад не стигнува до таму. Поради таа заканата за рушење на турските авиони, поради кршењето на воздушниот простор на Сирија, најверојатно нема да се оствари. Барем затоа што не се вклопува во плановите на Кремљ – ангелот-чувар и спасител на сириското раководство.

Што се однесува до Русија, нејзините изјави дека таа е загрижена за ситуацијата во северна Сирија исто така се имитација на осуда. Еден вид на задолжителна вежба која не може да не успее, но нема да има сериозни последици.

Логично е да се претпостави дека операцијата во Африн била детално разгледана во Москва, каде на 18 јануари неочекувано пристигнаа  шефовите на турскиот Генералштаб и на разузнавањето. Кремљ не беше изненаден од настаните. Значајно за Москва беше навремено повлекување на руските војници од областите, што сега се под ударите на турската авијација. За Курдите ова беше причина да ја обвини Москва за договор со Анкара.



Конечно, Вашингтон. Сите американски потези во однос на сириското прашања веќе извесно време се чиста имитација. Се имитира јасна и сеопфатна стратегија која поставува специфични цели. Дозволете ни да ве потсетиме на изјавите дека САД ќе го поддржи создавањето на вооружени формации на сириските Курди. Потоа, Вашингтон се потруди да ја убеди Анкара дека не ги разбрала правилно, но веќе беше предоцна.

Тоа беа тие американски планови што го поттикнаа претседателот Ердоган да ја почне воената операција во Африн. Операција во која Турција и САД, сојузниците во НАТО, ризикуваат да се најдат на различни фронтови.

Турската армија го зајакнува своето присуство на границата со Сирија – распоредува воена техника во пограничните области и ги напаѓа со артилерија курдските “Сили за одбрана на народот” во Северна Сирија. Воените подготовки на границата со Сирија тргнаа со полна пареа, откако претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган им постави ултиматум на Курдите : до една седмица да ги напуштат заземените позиции или ќе бидат ликвидирани. Операцијата на Анкара може да ги натера Курдите да се повлечат од мировниот процес и да не учествуваат во Конгресот на сирискиот национален дијалог кој треба да се одржи во крајот на јануари во Сочи.

Автор: Максим Јусин; в. Комерсант

Претходна статија

ММФ ги зголеми глобалните прогнози за растот

Следна статија

Земјотрес од осум степени во близина на брегот на Алјаска, издадено предупредување за цунами

Најново од Анализи & Коментари